Да, можете да направите нарачка од petland.mk еден месец однапред, односно доколку имате неодложно службено патување, годишен одмор на одреден датум, можете да направите нарачка по ваша желба еден месеци однапред, а ние ќе се погрижиме производот да стигне кај вашиот миленик во вистинското време.
Со цел да ги зачуваме производите, а воедно и да ги заштитиме при испораката, за малите производи изработивме соодветни кутии//вреќиќеки/ќеси во кои ќе пристигне вашата нарачка, додека за вреќите со храна истите ќе бидат доставени во оргиналното пакување.
Не, можете да купите производ и без да се регистрирате. Потребно ќе биде да ги пополните само полињата кои се задолжителни.
Не дозволуваме да се извршуваат било какви промени или пак да се откажуваат направените нарачки 48 часа пред датумот за испорака.
Плаќањето на нарачките може да се изврши преку користење на платежни картички Visa, Maestro, MasterCard и Diners Club.
Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со:
Платежна картичка (MasterCard, Maestro, Visa и Diners Club) - Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска фактура на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт.
Нашата цел е да бидете комплетно задоволни со производот кој го купувате од кај нас и правиме се да излеземе во пресрет на секое барање. Доколку од било кои причини не сте задоволни од испорачаниот производ, Ве молиме контактирајте не на следниов телефонски број 076/211-815 или пак пополнете ја оваа kontakt форма, во текот на истиот ден кога е извршена испораката. Откако ќе ја разгледаме вашата рекламација, ако е одобрена ќе ви бидат рефундирани вашите средства или ќе ви биде испратен нов производ.
Petland.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Испораката на вашата нарачка има одредена цена во зависност од времето и местото на испорака, а некогаш е 0,00 ден. односно бесплатна во случај на акција/промоција на одредени производи.
Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:
Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:
на територија на Скопје и околината:
На територија надвор од Скопје
Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме, поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.
Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.