Pet Land Skopje

Dr Vet


Витаминско минерален додаток во исхрана Dr.Vet - Multivet
Dr. Vet Multivet е наменет за сите категории и возрасти на кучиња и мачки.
Се користи за зајакнување на имунитетот и отпорноста од болести и инфекции. Во овој случај препорачуваме редовна, дневна доза на Dr. Vet Multivet 1 таблета на 10 килограми телесна тежина.
Dr. Vet Multivet се препорачува за спортски, службени и ловечки кучиња, особено за време на периоди на зголемена физичка активност. Dr. Vet Multivet исто така е добар како додаток во исхраната за кучиња и мачки кои биле изложени на стрес, долг транспорт и промени во животната средина. Во такви ситуации, апетитот на кучињата и мачките се намалува, па тие ги користат резервите на витамини и минерали во организмот. Во овие случаи, препорачаната терапевтска доза е Dr. Vet Multivet 2 таблети на 10 килограми телесна тежина.
Пакување: 100 гр.

699 0 ден.
Витаминско минерален додаток во исхрана Dr.Vet - Kalcivet
Dr.Vet Kalcivet е наменет за млади кученца, кученца во раст, бремени и доилки, постари кучиња како и за мачки од истите возрасни категории. Dr.Vet Kalcivet содржи идеален сооднос на Калциум , Фосфор и витамин Д кои се битни за правилен раст и развој на скелетниот систем кај кучињата и мачките. Препорачаната дневна доза на Dr.Vet Kalcivet од 1 таблета на 10 килограми тежина во првите 12 месеци на раст и развој кај кучињата и мачките спречува искривување и деформација на коските како и формирање на здрави заби. Dr.Vet Kalcivet се препорачува во втората половина на бременост како и за целиот период на доење со што се надополнуваат минералите и витамините кои се трошат во овој период. Dr.Vet Kalcivet во пракса се покажа и како терапија при скршеници и деформации на коските при што препорачана дневна терапевтска доза е 2 таблети на 10 килограми телесна тежина.
Пакување: 100 гр.

699 0 ден.
Витаминско минерален додаток во исхрана Dr.Vet - Dermavet
Dr.Vet - Dermavet се користи при алергиски реакции на кожата, иритација поради присуство на паразити и воспаление на кожата. Се препорачува 2 пати годишно при промена на крзното и зголемено опаѓање на крзното. Во такви ситуации, се дава терапевтска доза на таблети Dr.Vet - Dermavet 2 таблети на 10 кг. телесна тежина во период од 3 до 5 недели, а потоа продолжете со редовна, дневна доза од 1 таблета на 10 килограми телесна тежина.
Користете Dr.Vet - Dermavet во подготовка на кучињата и мачките за и пред периодот на изложби. Во овој период, препорачуваме редовна дневна доза од 1 таблета на 10 килограми телесна тежина.
Dr.Vet - Dermavet, поради својот балансиран состав, може да се користи за неограничен временски период.
Пакување: 100 гр.

799 0 ден.

Направи нарачка до 14:00 часот за испорака наредниот ден!
*Се однесува само за град Скопје

Совети за одгледување, акции и промоции?