Драги корисници, Ве известуваме дека во промотивниот период, доставата на нарачаните производи ќе биде бесплатна. Со почит, Pet Land

Често поставувани прашања

Pet Land Skopje

Како да нарачам ?
Чекор 1: Одберете производ
Чекор 2: Одберете од дадените опции за големина на вреќа/хранилка/колан/куќичка
Чекор 3: Одберете количина
Чекор 4: Кликнете на копчето "Внеси во кошничка" и производот е внесен во вашата кошничка
Чекор 5: Проверете ја состојбата во вашата кошничка и ако е се во ред кликнете на копчето “кон плаќање” или ако сакате да продолжите да купувате и други производи кликнете на копчето “продолжи со купување”
Чекор 6: Внесете ваши податоци “Податоци за купувачот” . Ако купувачот е исто лице со примачот штиклирајте го полето “Примачот е ист со купувачот” и податоците автоматски ќе се пополнат кај примачот . Доколку примачот е друго лице внесете ги неговите податоци во полето  ”Податоци за примачот”
Чекор 7: Одберете датум на кој сакате да се изврши  испораката  
Чекор 8: Означете го полето “Се согласувам со условите и политиките на купување” и кликнете на копчето “Купи”
Чекор 9: Внесете ги вашите податоци од платежната картичка за да може да се изврши плаќањето и кликнете на копчето "Submit"
Чекор 10: Откако ќе го извршите плаќањето ќе добиете порака "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА"  и потврда за вашата нарачка на вашиот емаил кој сте го оставиле за контакт.

*** Доколку не добиете потврда за "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА"  значи дека имало проблем при нарачката и истата не е реализирана. Во овој случај проверете да не сте направиле пермутација на броевите при внесувањето на податоците од вашата платежна картичка, проверете ја состојбата на вашата платежна картичка и обидете се повторно да ја направите нараката. Доколку ви е потребна помош Ве молиме контактирајте не на следниот телефонски број 076/211-815 или емаил info@petland.mk
Дали можам да нарачам предвремено?

Да, можете да направите нарачка од petland.mk еден месец однапред, односно доколку имате неодложно службено патување, годишен одмор на одреден датум, можете да направите нарачка по ваша желба еден месеци однапред, а ние ќе се погрижиме производот да стигне кај вашиот миленик во вистинското време. 

Како ќе биде испорачан производот кој го нарачав?

Со цел да ги зачуваме производите, а воедно и да ги заштитиме при испораката, за малите производи изработивме соодветни кутии/кеси во кои ќе пристигне вашата нарачка, додека за вреќите со храна истите ќе бидат доставени во оргиналното пакување.

Дали за да купам производ од petland.mk треба да се регистрирам?

Не, можете да купите производ и без да се регистрирате. Потребно ќе биде да ги пополните само полињата кои се задолжителни.

Дали може да извршам промена во мојата нарачка откако истата е потврдена?

Не дозволуваме да се извршуваат било какви промени или пак да се откажуваат направените нарачки 48 часа пред датумот за испорака.

Како ќе знам дека мојата нарачка е примена?
Откако ќе ја направите нарачката,  на вашиот екран ке се појави порака дека вашата трансакција е успешна "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА" , а воедно и на вашата е-маил адреса ќе добиете повратен е-маил за вашата нарачка со сите детални информации за истата.
*** Доколку не добиете потврда за "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА"  значи дека имало проблем при нарачката и истата не е реализирана. Во овој случај проверете да не сте направиле пермутација на броевите при внесувањето на податоците од вашата платежна картичка, проверете ја состојбата на вашата платежна картичка и обидете се повторно да ја направите нараката. Доколку ви е потребна помош Ве молиме контактирајте не на следниот телефонски број 076/211-815 или емаил info@petland.mk
Кои типови на плаќањa за извршените нарачки ги користите?

Плаќањето на нарачките може да се изврши преку користење на платежни картички Visa, Maestro, MasterCard и Diners Club.

Кои типови на платежни картички ги примате?

Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со:

Платежна картичка (MasterCard, Maestro, Visa и Diners Club) - Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска фактура на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт.

Што ако не сум задоволен/а од производот?

Нашата цел е да бидете комплетно задоволни со производот кој го купувате од кај нас и правиме се да излеземе во пресрет на секое барање. Доколку од било кои причини не сте задоволни од испорачаниот производ, Ве молиме контактирајте не на следниов телефонски број 076/211-815 или пак пополнете ја оваа kontakt форма, во текот на истиот ден кога е извршена испораката. Откако ќе ја разгледаме вашата рекламација, ако е одобрена ќе ви бидат рефундирани вашите средства или ќе ви биде испратен нов производ.

Дали испораката може да се изврши истиот ден?

Petland.mk испорачува на територија на Република Македонија и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Испораката на вашата нарачка има одредена цена во зависност од времето и местото на испорака, а некогаш е 0,00 ден. односно бесплатна во случај на акција/промоција на одредени производи. Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето.

Испрораката се извршува на територијата на цела Македонија од понеделни до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

  • Нареден ден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 14:00 часот

На територија надвор од Скопје

  • согласно планот на операторот за достава

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме. 

Доколку  курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде оставено писмено известување за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контактирани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката. 
 

Направи нарачка до 14:00 часот за испорака наредниот ден!
*Се однесува само за град Скопје

Совети за одгледување, акции и промоции?