Pet Land Skopje

Мачка - Додатоци во исхрана

Витаминско минерален додаток во исхрана Dr.Vet - Multivet
Dr. Vet Multivet е наменет за сите категории и возрасти на кучиња и мачки.
Се користи за зајакнување на имунитетот и отпорноста од болести и инфекции. Во овој случај препорачуваме редовна, дневна доза на Dr. Vet Multivet 1 таблета на 10 килограми телесна тежина.
Dr. Vet Multivet се препорачува за спортски, службени и ловечки кучиња, особено за време на периоди на зголемена физичка активност. Dr. Vet Multivet исто така е добар како додаток во исхраната за кучиња и мачки кои биле изложени на стрес, долг транспорт и промени во животната средина. Во такви ситуации, апетитот на кучињата и мачките се намалува, па тие ги користат резервите на витамини и минерали во организмот. Во овие случаи, препорачаната терапевтска доза е Dr. Vet Multivet 2 таблети на 10 килограми телесна тежина.
Пакување: 100 гр.

699 0 ден.
Витаминско минерален додаток во исхрана Dr.Vet - Kalcivet
Dr.Vet Kalcivet е наменет за млади кученца, кученца во раст, бремени и доилки, постари кучиња како и за мачки од истите возрасни категории. Dr.Vet Kalcivet содржи идеален сооднос на Калциум , Фосфор и витамин Д кои се битни за правилен раст и развој на скелетниот систем кај кучињата и мачките. Препорачаната дневна доза на Dr.Vet Kalcivet од 1 таблета на 10 килограми тежина во првите 12 месеци на раст и развој кај кучињата и мачките спречува искривување и деформација на коските како и формирање на здрави заби. Dr.Vet Kalcivet се препорачува во втората половина на бременост како и за целиот период на доење со што се надополнуваат минералите и витамините кои се трошат во овој период. Dr.Vet Kalcivet во пракса се покажа и како терапија при скршеници и деформации на коските при што препорачана дневна терапевтска доза е 2 таблети на 10 килограми телесна тежина.
Пакување: 100 гр.

699 0 ден.
Витаминско минерален додаток во исхрана Dr.Vet - Dermavet
Dr.Vet - Dermavet се користи при алергиски реакции на кожата, иритација поради присуство на паразити и воспаление на кожата. Се препорачува 2 пати годишно при промена на крзното и зголемено опаѓање на крзното. Во такви ситуации, се дава терапевтска доза на таблети Dr.Vet - Dermavet 2 таблети на 10 кг. телесна тежина во период од 3 до 5 недели, а потоа продолжете со редовна, дневна доза од 1 таблета на 10 килограми телесна тежина.
Користете Dr.Vet - Dermavet во подготовка на кучињата и мачките за и пред периодот на изложби. Во овој период, препорачуваме редовна дневна доза од 1 таблета на 10 килограми телесна тежина.
Dr.Vet - Dermavet, поради својот балансиран состав, може да се користи за неограничен временски период.
Пакување: 100 гр.

799 0 ден.
Витаминско минерален додаток во исхрана Fortan Catfortan
Fortan Catfortan е концетриран минерално витамински и аминокиселински додаток во форма на таблети наменет за мачки. Идеална формула од есенцијални нутритиенти  кои ги задоволуваат сите потреби на мачките. Мачките имаат голема потреба од таурин за нормален метаболизам кој во Catfortan го има во неопходните дози.

Fortan Catfortan е погоден за сите возрасти : мали мачиња, возрасни и сениор.

Fortan Catfortan како супервитален додаток, покрај минералите, витамините и олигоелементите, го прават и есенцијалните амино-киселини кои неможат да се синтетизираат во организмот туку задолжително се внесуваат преку храна.
Пакување: 90 гр. (180 таблети)

799 0 ден.

Направи нарачка до 14:00 часот за испорака наредниот ден!
*Се однесува само за град Скопје

Совети за одгледување, акции и промоции?