Вашата мачка околу седмата година почнува да гo менува однесувањето и навиките, а со тоа почнува де се менува и нејзината состојба на телото.
Во спредба со пред 20 години, мачките сега живеат многу подолго како резултат на подобрата исхрана, животот во затворен простор (стан/куќа) изолирани од надворешни влијанија и зголемената грижа на ветеринарите, што значи дека нивната просечна старост е зголемена.
Разбирањето на нивните променети секојдневни потреби се од клучно значење за да и помогнете на вашата постара мачка да живее здрав, долг и среќен живот. Заедно со вашиот ветеринар може да и обезбедите квалитетен живот и во постарите години.
Дефинирање на перидот зрели мачки, постари мачки или мачки во фаза на геријатрија
Според возраста, постарите мачки може да се стават во една од следните три групи:
· Средновечни (middle-aged) или зрели (mature): 7 до 10 години
· Постари (senior): 11 до 14 години
· Геријатрија (geriatric): 15 години и постари
Бидејќи мачките поминуваат 40% од својот живот како зрели/постари, важо е да им се даде вистинстата храна за да останат во добра форма. Со стареењето, нивните нутритиви потреби се менуваат, што значи дека добрата храната за постари мачки треба да содржи квалитетни и лесносварливи јаглехидрати и соодветна количина витамини и минерали.
Како стареењето делува на потребите во исхраната на мачките?
Мачките над 7 години стануваат помалку активни и им се успорува метаболизмот. Поради тоа некои од нив ја зголемуваат својата телесна тежина, па преминувањето на храна за постари мачки е неизбежно поради самиот состав на храната која содржи повеќе протени, контролиран број на калории и намалени масти. Тоа ќе овозможи да ја одржат телесната тежина која ја имале претходно или ако треба да изгубат дел од својата тежина, задржувајќи ја квалитетната исхрана со сите потребни нутритиенти за здрав живот.
Како што мачката старее, така и нејзиниот осет за вкус и мирис опаѓа. Високата концентрација на месо во храната за постари мачки го подобрува мирисот и вкусот на нивниот оброк, со што го прави и попривлечен за јадење. Исто така, во овој период се намалува и можноста за џвакање, бидејќи почниваат да губат по некој заб, па гранулите на храните за постари мачки треба да бидат помали и помеки, а формата соодветна за полесно џвакање.
На возраст од 11-12 години некои мачки ја губат тежината (мускулната маса), па вушност на нив им е потребна храна со поглем број на калории, како би го одржувале телото во идеална форма. Причина за ова се:
· појавата на болести,
· намалувањето на остетот за мирис и вкус,
· неможност за дигестија (обработка) на внесените протеини и масти.
Намалената можност за дигестија на протеините и мастите, значи дека телото не може да ги обезбеди потребните количини за норамлно дневно функционирање, па почнува да ги користи од мускулите и мастите складирани во телото. Сето тоа имаат влијане на нивното тело и здравствена состојба.
Што содржи храната за постари мачки?
Храните за постари мачки имаат:
· квалитетни состојки за подобра сварливост, за да се надомести намалената можност за дигестија/обработка и апсорпција на хранливи материи,
· зголемени антиоксиданти (витамин А и Е) за да се подржи стареењето на имунолошкиот систем и
· зголемена вкусност (поглем процент месо) за да се привлече внимание на намалените сетила за вкус и мирис.
Како да се сервира храната за постари мачки?
Храната за постари мачки треба да се сервира на собна температура, за мачката да го осети мирисот и вкусот. Сервирањето на мократа храна треба да биде исто така на собна температура, извадена од фрижидерот отприлика 2-3 часа претходно.
Сувата храна за постари мачки се чува на суво и чисто место во затворена вреќичка за храна или кутија/контејнер за чување на сува храна. На тој начин аромата и свежината на храната се задржуваат подолго време.
Колку пати во денот треба да се хранат постарите мачки?
Постарите мачки треба да се хранат неколку пати во денот со помали количини, за да не дојде до прејадување, оптеретување на дигестивниот систем и одбивање на храната.
Најдобро е мачките да се хранат на исто место во исто време, секој ден. Така се запазува нивната дневна рутина која не сакаат да ја менуваат. Мирна средина подалеку од тоа каде вие вообичаено јадете и подалеку од нивното месо за вршење нужда е совршено место за хранење. Садовите во кои се служи храната и водата секогаш треба да бидат чисти и да не бидат преполенти, како не би истекувала храната надвор од садот. Секогаш давајте ја вистинската количина на сува храна за вишокот да не остане во садот и да се изветрее, а доколку станува збор за мокра храна истата не треба да се исуши, бидејќи мачките секогаш сакаат свежа храна и секако свежа вода.
Колку количински треба да јадат постарите мачки?
Хранењето на постарите мачки треба да биде согласно препораките на производителот на храната кои се на задната страна на пакувањето. Но, имајте на ум дека секоја мачка е индивидуа сама по себе и има сопствени навики и различни нивоа на активности, а со тоа и различни потреби во исхраната.
Заклучокот е дека не постои строго правило за префрлување на вашата зрела/постара мачка на храна специјално дизајнирана за постари мачки. Вашиот ветеринар е најдобрата личност со која може да разговарате за специфичните нутритивни потреби на вашата постара мачка и може да ви помогне да одредите дали и кога да ја направите промената на храната за постари мачки, бидејќи тоа е во најдобар интерес на вашата мачка.
За да нарачате храна за постари мачки Sam's Field Senior, кликнете тука и притоа искористете го купонот samsfield5 за 5% попуст на производот.