Драги корисници, Ве известуваме дека во промотивниот период, доставата на нарачаните производи ќе биде бесплатна. Со почит, Pet Land

Која храна треба да ја одберете за вашето куче?

Pet Land Skopje

Изборот на најдобрата храна за Вашето куче може да биде тешка и макотрпна, особено денес, кога бројот на различни брендови и варијанти на храни постојано и секојдневно се зголемува.

Посакувам овој и наредните текстови да Ви дадат вовед во исхраната на домашните миленици - вклучувајќи ги видовите на храна, правилата за етикетирање и останатите работи за кои треба да посветите особено внимание при изборот на храна за вашиот миленик.

Нема да Ве советуваме да купите специфични брендови или да Ве охрабриме да ги следите посебните планови за диета на вашите миленици. Од друга страна, ние сакаме да Ве информираме што е можно подобро за да можете да го направите вистинскиот избор кога ќе ја купувате храната. 

Воопшто не се сомневаме дека е важно вашите миленици да ја добијат вистинска храна за да останат здрави и весели во текот на целиот живот. И покрај тоа има сопственици кои добиле конфликтни совети за исхрана на нивните миленици и бараат основни информации каква треба да биде исхраната на нивниот миленик. Треба да се одлучите дали храната треба да биде сува или влажна, евтина или поскапа, купена готова храна или домашно припремена, сурово или варено месо?

Ние Ве советуваме со многу трпеливост и претпазливост да се движите низ џунглата од храни. Производителите се заинтересирани за прецизна продажба на нивната храна, и тука е тешко да се направи разлика што е добра, а што лоша храна, особено затоа што во индустријата за храна за миленици постојат различни перцепции за тоа што е најдобра храна. Производителите можат да нагласат одредени квалитети на храната што ја прават малку подобра од конкурентите - на пример, прифатливо за животната средина, дека е од органски состојки, дека е препорачана од ветеринари, биолошки исправна итн. , но што всушност е најдоброто?

Производителите на храни за миленици, честопати ќе се пожалат на потрошувачите со тоа што они ги таргетираат двете целни групи кои имаат различни пристапи кон храна за миленици. Една група сопственици се фокусира на документираните факти, додека другата група на сопственици на миленици има поприроден пристап.

За првата група сопственици на миленици документацијата и доказите се од суштинско значење, без разлика кога и каде се направени истражувањата. Оваа група во голема мера се потпира на препораките на ветеринарите за исхрана на својот миленик, кои се темелно тестирани и добро документирани.

Другата група на сопственици е поотворена за препораки од повеќе страни и размислуваат послободно. Оваа група се води кон "природниот", начин на исхрана на милениците и се обидува да процени што е најдоброто за нивните миленици. Овие типови на сопственици не се плашат да експериментираат, бидејќи во фокусот на вниманието е ставена благосостојбата на нивните миленици.

Во која група сте вие?
Ние во PET LAND сме особено задоволни со клиентите кои, така да се каже, размислуваат отоврено и ги земаат во обзир сите факти. Секако ние сме и за документирани факти, но само ако тие се од релевантни институции и ако се направени во соодветни, хумани и етички услови.

Последни објави

Направи нарачка до 14:00 часот за испорака наредниот ден!
*Се однесува само за град Скопје

Совети за одгледување, акции и промоции?