Pet Land Skopje

Нашата приказна

Добредојдовте во petland.mk 

Petland.mk е македонска е-продавница за храна и додатоци за домашни миленичиња, која го нуди најдоброто за Вас и Вашето милениче. Нашата палета на производи  е внимателно одбрана и содржи се што може да Ви треба за вашето домашно милениче. Кај нас ќе најдете добро познати брендови со највисок квалитет.  Посета на нашата е-продавница ќе ви даде прекрасно искуство исполнето со радост и инспирација.
 

Асортиман

Можете да верувате дека производите што ги купувате кај на се според вашите потреби и барања на вашето домашно милениче. Имаме производи за кучиња и мачки.

Petland.mk е сопственост на Сити ЗОО Плус ДООЕЛ Скопје (City ZOO Plus) која е основана во 2018 година, а вработените се со повеќе годишно искуство во индустријата со посетени нутрицинистички предавања и одгледувањето на домашни миленици. Затоа, секогаш можете да бидете сигурни дека ние ги нудиме најдобрите производи за вас и вашето домашно милениче.

Важно е, како клиент да се чувствувате безбедно кога купувате со нас. Преку вистинското знаење и добрата услуга можете да верувате дека ќе го добиете она што го очекувате од нас. Секогаш сте добредојдени да не контактирате за било какво прашање, а доколку немаме стручен одговор, ќе Ве советуваме да се обратите кај нашите соработници. 

 

Направи нарачка до 14:00 часот за испорака наредниот ден!
*Се однесува само за град Скопје

Совети за одгледување, акции и промоции?