Добредојдовте на petland.mk Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите услови за користење, Политиката за заштита на личните податоци и Политиката за испорака пред да започнете да ја користите интернет продавницата. Со користење на интернет продавницата petland.mk и купувањето на производи значи дека се согласувате и се обврзувате кон истите. Доколку имате прашања слободно контактирајте не.
Сите материјали на оваа веб страница се во сопственост на Сити ЗОО Плус ДООЕЛ споственик на petland.mk. Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на материјалите од оваа веб страница без изречена писмена дозвола од Сити ЗОО Плус ДООЕЛ е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност
Заштитата на личните податоци на корисникот подетално e опишана во делот Политиката за заштита на личните податоци.
За сите производи кои се продаваат преку petland.mk, направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Фотографиите ги прикажуваат вистинските производи и пакувања и истите се во сопственост на Сити ЗОО Плус ДООЕЛ Скопје.
Сите цени на веб страната се изразени во денари и во нив се вклучени трошоците за производот и пакувањето. Трошоците за достава до домашна адреса се искажани посебно и зависат од времето и местото на достава, а во случај на акција/промоција истите може да бидат 0,00 денари, односно бесплатна достава.
Цените може да варираат во зависност од промените на цените на пазарот и набавните цени на производите.
За сите производи кои се продаваат преку petland.mk правиме обид постојано да ги имаме на залиха, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен.
Ве молиме имајте во предвид дека постои можност одредени производи да не се достапни во моментот на вашата нарачка. Во ваков случај, предлагаме замена на производот со најсличен по карактеристики од нарачаниот (со еднаква или поголема вредност) со ваша исклучителна согласнот. Во случај ако производот е платен,а не сакате заменски производ, финансиските средства ќе ви бидат рефундирани од страна на Сити ЗОО Плус ДООЕЛ.
Чекор 1: Одберете производ
Чекор 2: Одберете од дадените опции за големина на вреќата / хранилката / ременчето / куќичката
Чекор 3: Одберете количина
Чекор 4: Кликнете на копчето "Внеси во кошничка" и производот е внесен во вашата кошничка
Чекор 5: Проверете ја состојбата во вашата кошничка и ако е се во ред кликнете на копчето “кон плаќање” или ако сакате да продолжите да купувате и други производи кликнете на копчето “продолжи со купување”
Чекор 6: Внесете ваши податоци “Податоци за купувачот” . Ако купувачот е исто лице со примачот означете го полето “Примачот е ист со купувачот?” и податоците автоматски ке се пополнат кај примачот . Доколку примачот е друго лице внесете ги неговите податоци во полето ”Податоци за примачот”
Чекор 7: Одберете датум на кој сакате да се изврши испораката. Системот ви го дава како предлог, првиот можен датум за испорака во вашето место на живеење.
Чекор 8: Означете го полето “Се согласувам со условите и полтиките на купување” и кликнете на копчето “Купи”
Чекор 9: Внесете ги вашите податоци од платежната картичка за да може да се изврши плаќањето
Чекор 10: Откако ќе го извршите плаќањето ќе добиете порака "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА" и потврда за вашата нарачка на вашиот емаил кој сте го оставиле за контакт.
*** Доколку не добиете потврда за "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА" значи дека имало проблем при нарачката и истата не е реализирана. Во овој случај проверете да не сте направиле пермутација на броевите при внесувањето на податоците од вашата платежна картичка, проверете ја состојбата на вашата платежна картичка и обидете се повторно да ја направите нараката. Доколку ви е потребна помош Ве молиме контактирајте не на следниот телефонски број 076/211-815 или емаил info@petland.mk
Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со:
Платежна картичка (MasterCard, Maestro, Visa, Diners Club) - Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска фактура на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт.
Petland.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Испораката на вашата нарачка има одредена цена во зависност од времето и местото на испорака, а некогаш е 0,00 ден. односно бесплатна во случај на акција/промоција на одредени производи.
Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:
Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделни до петок и тоа:
на територија на Скопје и околината:
На територија надвор од Скопје
Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.
Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.
Нашата цел е да бидете комплетно задоволни со производите кои ги купувате од кај нас и правиме се да излеземе во пресрет на секое барање. Ако производот не е со добар рок или пак оштетен воопшто не го испраќаме или продаваме. Квалитетот е еден од нашите водечки вредности и ние со гордост стоиме позади тоа.
Доколку од било кои причини не сте задоволни од испорачаниот произвoд Ве молиме да ја пополните оваа kontakt форма, во текот на истиот ден кога е извршена испораката.
Откако ќе ја разгледаме вашата рекалмација, ако е одобрена ќе ви бидат рефундирани вашите средства или ќе ви биде испратен нов произовд.
Рефундирањето на уплатениот износ ќе го извршиме директно на платежната картичка, односно трансакциска сметка од која е извршена првичната нарачка во рок од 14 дена или порано.
Понеделник – Петок: 09.00 – 17.00 h
9. ОДГОВОРНОСТИ НА Сити ЗОО Плус ДООЕЛ / petland.mk
Сити ЗОО Плус ДООЕЛ
Бул. 3-та Македонска Бригада 48А, 1000 Скопје
Тел. 076/211-815
Електронска пошта: info@petland.mk